ВИДЕО | Џеј Ло доби „премија“ по официјалниот развод: Ќе го задржи свршеничкиот прстен „тежок“ 5 милиони долари
Пејачката и актерка Џенифер Лопез конечно е слободна жена и на хартија. Таа и Бен Афлек го поделија сето она што го стекнаа за време на бракот, а покрај тоа, Џенифер успешно го задржа и свршеничкиот прстен, кој е навистина посебен.
Препорачано
Имено, Бен знаел да го избере вистинскиот прстен достоен за нејзината љубов од речиси девет карати природен зелен дијамант. Се проценува дека истиот вреди 5 милиони долари.
– Зелен дијамант со оваа големина е неверојатно редок. Прстенот би го проценил на над 5 милиони долари и би можел да вреди повеќе од 10 милиони долари – изјавил Мајк Фрид, извршен директор на „Дајмонд про“ за „Пејџ Сикс“.
Афлек избрал уникатна боја затоа што ѝ е омилена, па дури и прстенот е изгравиран со порака „Не оди никаде“, откри Џенифер во едно интервју.
-Тоа беше подарок. Само затоа што врската не успеала, не значи дека таа мора да го врати назад. Џенифер нема никаква вина што го чува, а на Бен очигледно не му пречи – тоа веќе го направи двапати. Не дека не знаеше во што се впушта – изјавил близок извор.
Парот претходно беше свршен, а Афлек и подари 6,10-каратен розов дијамант Хари Винстон во сличен стил во 2002 година, пред да ја раскинат свршувачката во 2004 година.


