ВИДЕО | Џејми Карагер по осум испиени пива го интервјуираше Санчо
Кога во прашање се преносите на натпреварите во Лигата на шампионите, шоуто на „Си-Би-Ес“ со поранешните фудбалери се издвојува како најзабавно.
Препорачано
Во вчерашниот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен емисијата ја водеа Тиери Анри, Мика Ричардс и Дел Пјеро, додека на терен беа Џејми Карагер и Петер Шмајхел.
По натпреварот во центарот на вниманието се најде Карагер кој во алкохолизирана состојба го интервјуираше Џејдон Санчо. Санчо беше еден од најистакнатите на теренот и на моменти изгледаше како да си поигрува со противниците.
Карагер во разговорот со него призна дека разговорот го води откако испил осум пива со навивачите на Борусиија на популарниот „жолт ѕид“.
„Испив околу осум кригли заедно со луѓето од „жолтиот ѕид“, добив ново семејство тука, нови пријатели, па учествував и со пари на полувремето. Ова беше мое прво искуство со „жолтиот ѕид“ и беше едно најдобрите во животот, навистина неверојатно“, изјави Карагер.
На крајот од разговорот Карагер го повика и Санчо да испијат неколку пива ако се пласираат во финалето, но англискиот фудбалер му одговори дека не пие.
Jamie Carragher had 8 pints, was knackered, and invited Jadon Sancho to do an interview ?
I love CBS ? pic.twitter.com/WrG4gHR4jV
— CentreGoals. (@centregoals) May 1, 2024


