Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Двоглава желка од Њу Џерси го преживеа невозможното

Желка од Њу Џерси е родена со две глави. И покрај тоа, таа успеа да ги надмине предизвиците на редок деформитет и да преживее.

Ова необично животно, кое го привлече вниманието на многумина, со својата упорност им пркоси на законите на природата, а неговиот сопственик Џозеф Морена му посвети посебно внимание и љубов за да му овозможи да живее среќен и исполнет живот.

„Ќе направам сѐ што е потребно за да ги одржам овие две глави среќни и здрави“, изјави Морена за „Caters News Service“, пренесува „Њујорк пост“.

@aquaterraexoticpets Two Headed Turtle⁉️ #turtle #turtles #aquaterra #aquaterraexoticpets #reptiles #tortoise #reptilesoftiktok ♬ original sound – ??Jurassic world??

Тој објаснил дека неговиот пријател го нашол двоглавото суштество, но не знаел како да се грижи за него. Затоа Морена реши да го прифати предизвикот.

„Секако дека морав да ја земам“, изјави тој, додавајќи дека одгледувањето на ова уникатно животно било многу тешко поради ниската стапка на преживување на повеќеглавото суштество.

Состојбата со повеќе глави, позната како полицефалија, обично е предизвикана од малформација на ембрионот, најчесто поради генетски, но и фактори на животната средина.

Ова нарушување може да се појави кај секое животно, а еден од најспектакуларните примери во зоолошките записи беше двоглавата коза, која стана сензација поради сличноста со грчкиот бог Јанус.

Во животинскиот свет, две глави всушност често се предизвик, бидејќи се натпреваруваат една со друга за исти ресурси.

Во случајот со оваа желка, двете глави биле двојна неволја бидејќи и двете одбиле да јадат.

„Постојано нудев храна, но таа не покажа никаков интерес и почнав да се грижам“, призна Морена. Но, работите тргнале на подобро кога поголемата глава конечно почнала да јаде и ја поттикнала помалата да го следи примерот.

Сепак, сопственикот во едно од неговите видеа на Јутјуб откри дека проблемите не се завршени, бидејќи двете глави предизвикувале тешкотии во координирањето на движењата. Се сети како се разбудил едно утро и видел двоглаво суштество како лежи на грб и не реагира во водата.

„Речиси бев сигурен дека таа почина“, рече Морена, откривајќи како сепак успеал да ги спаси правејќи нежни компресии на градите и обиди за CPR. По два часа, неговиот двоглав миленик успеал да се опорави.

Интересно е што проблемите со движењето делумно ги предизвикува и специфичната исхрана на оваа желка – прифатила само еден вид дождовен црв, кој не ѝ обезбедува доволно хранливи материи неопходни за опстанок и раст, пренесува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот