Фото: Информер / скриншот

ВИДЕО: Едногодишно дете паднало од трет кат на зграда во Нови Пазар, во критична состојба е

Бебе родено во 2023 година попладнево под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на српскиот град Нови Пазар, јавуваат српските медиуми.

Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во болница, а лекарите се борат за неговиот живот, пишува „Информер“.

Според неофицијални информации, здравствената состојба на детето е критична, а засега не се познати околностите под кои дошло до несреќата.

-Бев во кафулето на приземје од зградата, мислев дека некој фрлил жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам – изјавил за „Информер“ еден од очевидците.

Полицијата веднаш излегла на терен и во моментов се води истрага за да се утврди што довело до немилиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот