Медицински и противпожарни тимови на местото на експлозијата во Трев, Лион/Фото: Alex MARTIN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Две деца загинаа во експлозија во станбена зграда во близина на Лион

Две деца загинаа во експлозија во станбена зграда во општината Трево, предградие на Лион, објавија локалните власти во понеделник вечерта, пренесува Експрес.

Според соопштението за медиумите од префектурата, експлозијата се случила на приземјето од четирикатната зграда; според првичните извештаи, уште пет лица кои биле повредени биле однесени во блиските болници. Двајца други жители, со полесни повреди, сами отишле во болница.

Според префектурата, скршени се прозорци во две соседни образовни институции, но нема пријавени повредени во училишните згради.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, според соопштението, во кое се појаснува дека префектурата воспоставила линија за психолошка поддршка за погодените.

Експлозија предизвика паника во францускиот град Трев, има повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот