Ресторан - Фото: pexels-rachel-claire

ВИДЕО | Двајца Британци фатени на камера како сами ставаат влакна во храната за да не платат

Двајца Британци одбиле да платат сметка од 165 фунти (околу 190 евра) во ресторан во Бартон апон Трент (Burton upon Trent), откако тврделе дека во храната пронашле влакна.

Сепак, снимките од безбедносните камери покажале дека мажите самите ставиле влакна во јадењето, обидувајќи се да добијат бесплатен оброк, објави GB News.

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа како еден од нив си кубе коса и ја става во чинијата, по што се жали кај вработените дека во јадењето има влакна.

Случајот предизвика бројни реакции на интернет, а ресторанот одлучил јавно да ја објави снимката за да го заштити својот углед.

Според менаџерот Џез Хајвс, еден од мажите му се обратил со изјава дека нема да ја плати сметката поради наводните влакна во храната, по што го напуштил објектот без да плати.

Очевидци изјавиле дека гостите биле вербално агресивни и го навредувале персоналот, а состојбата се влошила до степен кога менаџерот бил принуден да се закани дека ќе повика полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот