ВИДЕО | Два можни исходи од преговорите во Брисел: Курти и Вучиќ треба да одберат меѓу разум или немири!

Лајчак, Вучиќ, Борел и Курти/ Фото: BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Како што се очекуваше и според сите проценки, денешните разговори во посредство на ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти носат голема неизвесност.

Вучиќ и Курти со посредство на претставниците на ЕУ, Мирослав Лајчак и Жозеп Борел во Брисел ги разгледуваат можностите за надминување на тензиите предизвикани од одлуката на владата во Приштина за пререгистрација на возилата кои имаат српски регистерски таблици во косовски.

Разговорот меѓу Вучиќ и Курти со посредниците на ЕУ доаѓа буквално во последен момент откако Приштина пред три недели објави дека од 21 ноември ќе ги казни сите сопственици на возила што немаат РКС таблици. Поради ова сите Срби ги напуштија приштинските институции и оттогаш на Косово владее голема политичка криза, а тензиите се подигнати на највисоко ниво.

Решение засега не се очекува, но се очекува барем за кратко да стивнат страстите на северот на Косово и Приштина да го одложи рокот за пререгистрација на возилата.

Барањето на Белград е да се одложи спроведувањето на одлуките на Приштина за казнување на сите оние кои не ги пререгистрирале возилата со таблички РКС, како и обврската на Приштина да дозволи формирање на Заедницата на српски општини (УСО).

Наместо денеска, Приштина одлучи утре да започне со споревдувањето на одлуката за казнување за српски регистерски таблички , веројатно во пресрет на исходот од денешните разговори, а кога станува збор на Заедницата на Срспки Општини, таму премиерот јасно и гласно е против, иако договорот за тоа е постигнат уште во 2013 година како дел од Бриселскиот договор.

Оттаму и притисокот и одговорноста на ЕУ да го убеди Курти да дозволи компромис и да го подржи формирањето на Заедницата на Српските општини.

Но според досегашните настани сѐ повеќе се поставува прашањето дали ЕУ има капацитет да го заврши со успех дијалогот Белград-Приштина ?

Во пресрет на исходот на денешните разговори се надзираат две можни сценарија:
Белград се надева дека на денешните преговори меѓународната заедница ќе изврши притисок врз Приштина да не спроведува репресивни мерки против српскиот народ, бидејќи тие може да доведат до сериозно нарушување не само на јавниот ред и мир, туку и на регионалниот мир и стабилност.

Приштина засега останува на позициите дека треба да се спроведат одлуките на косовската влада,и во скалд со косовскиот устав да стапи на сила законот за регистрески таблички. Косовската влада бара од Белград да ја признае независноста на Косово, па потоа да преговараат за евентуално интегрирање на Србите кои во моментов се само објект на преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот