ВИДЕО | Дувњак: Одлуката на Стразбур за аболициите на Иванов може да зададе голем удар врз македонското судство

Гордана Дувњак
Гордана Дувњак / Утрински брифинг

Првата иницијатива во Стразбур е донесена во 2017 година, а потоа уште девет други. Од Стразбур се бара да ги уважи аболициите на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов. Стразбур треба да одговори на две прашања, трето е нашата замрсена работа околу аболициите.

-Двете клучни прашања се има ли право претседателот да даде аболиција и дали еднаш веќе дадено право може да се укине, вели Гордана Дувњак за Утрински брифинг.

-Одлуката на Стразбур ќе се однесува на сите 56 жалби и доколку биде во нивна корист голем дел ќе се ослободат од предметите на СЈО, но не во целост. Со тоа ќе биде зададен голем удар врз главниот предмет „Таргет“ и „Титаник“, вели за Утрински брифинг новинарката и уредничка на „Фокус“, Гордана Дувњак која додава и дека најверојатно државата по ваквата одлука ќе треба да плаќа и отштета.

– Ако забележувате тонот меѓу бизнисменот Орце Камчев и обвинителството се промени особено по случаите со плацевите на Водно, а имаше ефект и врз случајот „Империја“ кој се заокружи со минимална казна од една година и плаќање отштета од страна на обвинетиот, коментира Дувњак.

-Оваа пракса не е непозната данокот да се плати и казната да биде намалена меѓутоа се остава впечаток на една селективна правда, односно кој има да плати може и да заобиколи повисока казна, додава таа.

-Мора да потенцирам дека ова е само еден дел од Империја, има уште два дела по кои Камчев ќе се гони, вели Дувњак.

-Обвинителката Русковска во едно нејзино гостување несмасно најави дека постојат разговори и иницијативи и од страна на Сашо Мијалков за спогодба, вели за УБ новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот