Пад на американски борбен авион во Кувајт - Извор Х

ВИДЕО | Драматични сцени од Кувајт – се урнаа неколку американски воени авиони

Министерството за одбрана на Кувајт денес соопшти дека „неколку“ американски воени авиони се урнале и дека „сите екипажи преживеале“.

На социјалните мрежи беа објавени снимки за кои автентичноста сè уште не е потврдена, но сепак се гледа како авион зафатен во пламен паѓа од небото во Кувајт.

„Неколку американски воени авиони се урнаа утрово. Потврдуваме дека сите членови на екипажите преживеале“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Кувајт, додавајќи дека причините за падот се под истрага.

Според соопштението, веднаш биле активирани операции за пребарување и спасување. Екипажите биле евакуирани и пренесени во болница за медицинска проценка и лекување, а нивната состојба е стабилна, пренесува Тајмс оф Израел.

Бројот на урнати авиони засега не е прецизиран, но дел од извештаите упатуваат на еден, други извештаи во медиумите наведуваат на два авиона. Сепак од она што го наведуваат израелските медиуми најмалку еден пилот успеал да се катапултира од борбен американски авион Ф-15, според непотврдени видеа објавени на социјалните мрежи. Во дел од објавите се шпекулира дека биле погодени од пријателски оган, но таквите информации засега немаат официјална потврда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот