ВИДЕО: Дончиќ ја продолжи серијата која трае 12 натпревари, но и малку фалеше да се вмеша во инцидент
Лос Анџелес Лејкерс славеа убедлива победа од 116:99 против Бруклин нетс на домашен паркет, но овој натпревар привлече внимание и поради Лука Дончиќ.
Препорачано
Средбата донесе неколку значајни моменти, меѓу кои се издвојува настапот на словенечкиот кошаркар кој повторно блескаше и беше прво име на теренот. Дончиќ мечот го заврши со 41 поен, осум скока и три асистенции, продолжувајќи ја серијата на натпревари со најмалку 30 поени, која сега достигна 12 последователни дуели.
Иако делуваше доминантно, вечерта за Дончиќ не помина без проблеми. Тој ја заработи својата 16. техничка грешка сезонава, што автоматски значи суспензија од еден натпревар.
Инцидентот се случи во третата четвртина, кога дојде до тензија меѓу него и Заир Вилијамс. Кошаркарот на Бруклин бурно прослави изнуден прекршок во напад и му се внесе в лице на Дончиќ, по што следеше оттурнување и кратка мешаница. Во целиот метеж, играчот на Нетс го удри Дончиќ, а судиите на крајот им доделија технички грешки на двајцата.
Luka Doncic & Ziarie Williams get tangled up. 👀🍿
Ziarie catches Luka in the face.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 28, 2026


