ВИДЕО: Дончиќ и Ирвинг го одведоа Далас во НБА финалето за прв пат од шампионската 2011 година
Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на НБА лигата за прв пат по 2011 година, кога ја освоија шампионската титула.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Далас синоќа победи против Минесота со резултат 124:103 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција за конечни 4:1 во серијата, а Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ги предводеа Маверикси до победата со по 36 поени. Ентони Едвардс и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 28 поени за Тимбервулфс.
Дончиќ постигна неверојатни 20 поени во првите четири минути игра. Првите 12 минути Далас ги доби во своја корист со резултат 35:19. Играчите на тренерот Џејсон Кид продолжија во ист ритам и во втората четвртина, а на полувремето резултатот беше 69:40.
До крајот на натпреварот Далас ја задржа предноста и славеше со резултат 124:103.
Маверикс во големото финале на НБА ќе играат против Бостон кој претходно со 4:0 во финалето на Источната конференција триумфираше со 4:0 над Индијана пејсерс.
Серијата од финалната серија ќе стартува на 6 јуни кога домаќин на првиот натпревар ќе бидат Селтикси.


