ВИДЕО: Дончиќ и Ирвинг блескаа во втората победа на Далас против ЛА Клиперс

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Далас поведоа со 2:1 во четвртфиналната серија на Западот во НБА лигата, откако рутински пред своите гледачи го совладаа Лос Анџелес Клиперс со резултат 101:90.

Маверикси со пресврт дојдоа до нов триумф во оваа возбудлива плејоф серија благодарение на словенечко-американскиот тандем Дончиќ-Ирвинг, кој одлично соработуваше на овој меч.

Дончиќ иако имаше 7/25 од игра (3/14 за три поени), повторно беше најдобар на паркетот. Беше на чекор од „трипл-дабл“ учинок, запиша 22 поени, 10 скокови и девет асистенции.

Блескаше и Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 21 поен. На спротивната страна по 16 поени реализираа Пол Џорџ и Кавај Ленард.

Следниот меч помеѓу овие две екипи е в недела од 21.30 часот по македонско време.

НБА плеј-оф

Далас – ЛА Клиперс 101:90 (2:1)
Феникс – Минесота 109:126 (0:3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот