ВИДЕО | Дончиќ и Далас останаа без пласман во плеј-офот во НБА
Далас и Лука Дончиќ беа поразени во клучниот натпревар против Чикаго Булс со (115:113) и ги загубија шансите за место во плеј-офот.
Препорачано
До пред извесен период Далас беше веќе виден во плеј-офот, но во финишот од сезоната клубот влезе во криза и на последните 15 натпревари оствари само четири победи. За Далас ова ќе биде првпат од сезоната 2018/2019 да не биде дел од разигрувањето за титулата.
Дончиќ беше одличен на стартот и во 13 минути постинга 13 поени, но потоа тренерот Џејсон Кид го остави на клупата до крајот на мечот. Иако остана 13 поени, Дончиќ до крајот беше најефикасниот играч на својот тим. Во редовите на гостите Вајт постигна 24 поени и додаде 11 асистенции, а Вилијамс уфрли 23 поени додавајќи осум скока и две асистенции.
Место во плеј-офот обезбеди Бруклин Нетс кој дома го совлада Орландо со 101:84. Бриџис беше најдобар кај Брклин со 22 поени, Џонсон додаде 18, а Клакстон стигна до дабл-дабл од 14 поени и 15 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Хјустон 109-112, Индијана – Детроит 115-122, Вашингтон – Мајами 114-108, Атланта – Филаделфија 131-136 (п), Бостон – Торонто 121-102, Бруклин – Орландо 101-84, Милвоки – Мемфис 114-137, Њу Орлеанс – Њујорк 113-105, Далас – Чикаго 112-115, Сакраменто – Голден стејт 97-119, ЛА Лејкерс – Феникс 121-107.


