ВИДЕО: Дончиќ и Порзингис брилјираа против Милвоки, Џорџ ги реши „сонцата“
Кошаркарите на Далас маверикс го совладаа Милвоки бакс со 116:101 благодарение на двоецот Дончиќ-Порзингис. Дончиќ за малку не оствари трипл-дабл, натпреварот го заврши со 27 поени и по девет скокови и асистенции, а голема поддршка имаше од Кристапс Порзингис кој натпреварот го заврши со 26 поени и 17 скокови. На спротивната страна, Дивиченцо запиша 22 поени. Натпреварот беше израмнет се до последната четвртина кога играчите на Далас со серија од 13:2 избегаа на недостижни 110:97.
Најдобриот тим во Западната конференција, Јута џез со 122:103 го совлада Портланд во натпревар во кој доминираа Доновал Мичел со 37 поени и Руди Гобер со 18 поени и 21 скок.
ЛА Клиперс славеа во дербито против Феникс санс со 113:103, но и покрај тоа останаа на третото место со скор 35:18 во Западната конференција зад „сонцата“ (36:15). На натпреварот доминираа Пол Џорџ со 33 поени и Каваи Ленард кој постигна 27 поени.
Резултати:
Мајами – ЛА Лејкерс 110:104
Торонто – Чикаго 113:122
Оклахома сити – Кливленд 102:129
Далас – Милвоки 116:101
ЛА Клиперс – Феникс 113:103
Сакраменто – Детроит 101:123
Јута – Портланд 122:103