ВИДЕО: Донарума прими гол со пета, Манчестер сити не победи – Арсенал чекор поблиску до титулата
Екипата на Арсенал вечерва дојде еден чекор поблиску до титулата и со победа од 1-0 го искористи киксот на Манчестер сити кој одигра само реми 2-2 против Нотингем форест.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Топчиите“ минимално славеа против Брајтон благодарение на раниот погодок на Сака уште во деветтата минута. Тој гол се покажа како доволен за три бода и голема радост на лондонскиот состав.
Во исто време, Манчестер сити не успеа да го одбрани домашниот терен против Нотингем форест. Иако тимот предводен од Пеп Гвардиола двапати имаше водство, гостите не се предадоа. Семењо донесе предност во првиот дел, но Гибс-Вајт со атрактивен удар со пета израмни по паузата. Родри повторно ги врати „граѓаните“ во водство, пред Андерсон да ги постави конечните 2-2 на околу петнаесет минути до крајот.
Челси беше најубедлив и славеше со 4-1 на гостувањето кај Астон вила. Домаќините поведоа преку Даглас Луиз уште во втората минута, но следуваше целосен пресврт. Жоао Педро со два гола до паузата го сврте резултатот, а во вториот дел го комплетираше хет-трикот. Во листата на стрелци се запиша и Палмер за убедливи 4-1.
Во последниот натпревар од вечерниот термин, Вест хем со минимални 1-0 го совлада Фулам и освои важни бодови во борбата за подобар пласман.


