ВИДЕО | „Домашен ботокс“ од ленено семе – испробајте ја маската што стана хит на социјалните мрежи
Во време кога трендовите во убавината се насочени кон природен изглед и негувана кожа, сè поголема популарност добиваат едноставни домашни рецепти. Еден од нив е маската од ленено семе, која на социјалните мрежи се промовира како „домашен ботокс“, пишува хрватскиот „Журнал“.
Препорачано
Инспирацијата доаѓа од концептот на „кожа како стакло“, тренд што подразбира мазна, сјајна и здрава кожа. Иако ваквиот изглед најчесто бара долгорочна нега, корисниците на социјалните мрежи тврдат дека оваа маска нуди брз ефект со минимални состојки.
Рецептот е едноставен и достапен, потребни се само ленено семе и вода. Смесата се вари додека не добие структура како гел, по што се процедува и се користи како маска за лице. Се нанесува во тенок слој и се остава да делува околу 20 минути, при што создава чувство на затегнатост на кожата.

Поддржувачите на овој третман тврдат дека лененото семе, богато со витамин Е и есенцијални масни киселини, може да придонесе за подобра еластичност на кожата и да влијае врз намалување на црвенило, акни и фини линии. Токму поради ефектот на затегнување, маската се споредува со ботокс.
Сепак, дерматолозите предупредуваат дека иако природните состојки генерално се безбедни, не се исклучени алергиски реакции или иритации. Затоа се препорачува тестирање на мал дел од кожата пред употреба.
Исто така, иако лененото семе има докажани здравствени придобивки при консумација, сè уште нема доволно научни докази за неговата ефикасност кога се нанесува директно на кожата.
Маската може да се чува во фрижидер до една недела, а освен за лице, некои ја користат и како третман за коса или природен гел за стилизирање.
@victoria__benitez God i love this mask #flaxseedgel #flaxseed #health #natural #skincare ♬ original sound – victoria__benitez
Додајте ја оваа моќна намирница во вашиот појадок за природно да го намалите крвниот притисок


