ВИДЕО: Докторот Горан кој работи во Германија, бара одговорност од вработените во македонската амбасадата во Минхен

Горан Трајковски македонскиот доктор кој работи во  Германија, патувал од Нинберг до Минхен бидејќи од македонскиот конзулат таму преку мејл му закажале термин за сликање за пасош, но кога тој се појавил одговорното лице кое го пречекало на шалтер во конзулатот му кажало дека тој нема термин за сликање, иако во мејлот му било прецизно наведено дека тој треба да се појави таму во 11 часот.

По кратката вербална расправија, тој своето негативно искуство со конзулатот го сподели на социјалните мрежи.

„Поради нечија неписменост јас не сакам да плаќам. Барам од амбасадата во Минхен да превземе одговорност и да ми ги надокнади трошоците од изгубениот ден на работа, бензин и психички стрес“, вели Трајковски во своето излагање на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

Како одговор на неговото видео на Инстаграм, се надоврзаа и македонски државјани од повеќе држави низ светот кои пријавуваат речиси идентични проблеми со тамошните амбасади и конзулати на Македонија.

Трајковски се надева дека овој случај нема да добие партиска обоеност, но сака да повлијае на тоа македонските претставништва низ светот да го подобрат својот квалитет на работа и да им се олесни животот на македонските иселеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот