ВИДЕО | Доктор Солески: Генерално сите досегашни вакцини нудат многу добар имун одговор на ковид-19

Британскиот сој на коронавирусот, од кој стравува светот поради неговото брзо ширење, пристигна и во Северна Македонија. Мутацијата била присутна веќе еден месец, а откриена е сега, при анализи во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

Новиот сој на коронавирусот најпрво беше откриен во Велика Британија, по што молскавично почна да се шири низ Европа. Здравствените власти уверуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и против мутациите. Новиот сој беше откриен во Шведска, во Франција, во Германија и во Шпанија, но и во Хрватска, во Словенија и во Србија.

На тема ковид-19 и вакцинацијата како превенција од пандемијата, гостин во „Утрински брифинг“ беше доктор Кирил Солески.

Со оглед дека последните неколу недели се намалува бројката на пациенти со ковид-19, релаксирани се условите за работа со пациенти кои нè контактираат за симптоми што се поврзани со ова заболување.

– Британската варијанта на ковид-19 беше откриена во септември во Велика Британија и се појави во 47 земји. Добра вест е што истражувачите пронајдоа дека оваа варијанта не прави полоша клиничка слика. Според истражувањата, вирусот се пренесува до 70 отсто побрзо и дека постои веројатност смртноста да е повисока за 30 отсто, но добрата вест е што тековните вакцини се доволно ефикасни за овој британски сој. Се појави и јужно-африканскиот сој кој, според првичните информации, е уште позаразен од британскиот и она што загрижува е дека мутациите може да влијаат врз начинот на кој што вирусот ќе реагира на постојните вакцини, но очекува тоа во наредниот период да биде појасно, вели доктор Солески.

– Според американскиот Центар за контрола на болести и превенција, кога се однесува на американските „Фајзер“ и „Модерна“, препораките се дека сите здрави луѓе повозрасни од 16 години може да се вакцинираат со „Модерна“. Често прашање кај нас е дали лицето кое прележало ковид може да се вакцинира и одговорорт е да, може. Исто е и со доилките и бремените жени – првичните сознанија се дека можат да ги примаат, студиите не покажале негативни ефекти. Исто е и со луѓето кои имаат автоимуни болести. Единствено за луѓето со тешки алергиски реакции не се препорачува вакцинација, истакнува доктор Солески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот