ВИДЕО: Додик се опушти во скопска кафеана, ја запеа „Свилен конац“
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој вечерва присуствуваше на свечената Светосавска академија во Скопје, на покана на српската заедница во земјава, по настанот се опушти со музика и песна во скопски ресторан.
Препорачано
Додик објави видео на „Икс“ на кое се гледа како добро се забавува во кафеаната, пеејќи ја српската народна песна „Свилен конац“, во друштво на поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Македонија, Перо Антиќ.
Заедно со Додик, на снимката се гледа и претседателот на Парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ, како и други официјални претставници на босанскиот ентитет.
Љубав према свом народу, вјери и традицији је једина ствар на свијету коју не треба објашњавати нити тражити разлог.
Љубав се највише исказује кроз пјесму. С пријатељима вечерас у Скопљу уочи Светосавске академије. pic.twitter.com/fnoSVpaaeN— Милорад Додик (@MiloradDodik) January 27, 2025
Додик претходно во обраќањето на Академијата рече дека „Србите денес имаат две држави на Балканот – Република Српска и Србија“ и дека „српскиот народ не ги извалкал рацете“ во граѓанската војна во Босна и Херцеговина.
Додик од Скопје: Србите денес на Балканот имаат две држави – Србија и Република Српска


