ВИДЕО | „Девојката со крилјата“ уште еднаш докажа дека физичка попреченост „не ѝ може ништо“: Дејана Бачко покажа како скија
Дејана Бачко позната како „Девојката со крилјата“, неодамна заедно со семејството беше на зимување во Јахорина, најпопуларно одморалиште за зимски туризам во Босна и Херцеговина. На видеата објавени на нејзиниот Инстаграм профил, а на кои скија, Дејана уште еднаш докажа дека нејзината физичка попреченост не ја спречува да ужива во убавините на животот и да ги реализира сите свои желби.
Препорачано
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Дејана е уметница, сопруга, мајка, вози автомобил, тренира … Во 2018 година го освои Европското првенство во Таеквондо, а во 2019 година го освои Светското првенство. По втор пат стана светски шампион во 2021 година и тука ја заврши спортската кариера, бидејќи не можеше да се квалификува за параолимписките игри во својата категорија.
Со еден збор таа е супержена која е тука да не потсети дека не смееме да бидеме мрзливи и да наоѓаме изговори за сопствениот неуспех, затоа што, ако сакаме се е возможно.
Дејана деновиве ужива на Тајланд со сопругот Марко и ќерката Лара.
View this post on Instagram


