ВИДЕО: Детроит стави крај на низата на Лејкерс, и трипл-даблот на Шенгун не беше доволен за Хјустон
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го претрпеа првиот пораз по серија од девет последователни победи, откако на гостувањето кај Детроит беа поразени со 113:110.
Препорачано
„Езерџиите“ на овој натпревар настапија без повредениот Маркус Смарт, кој има клучна улога во одбраната на тимот предводен од Џеј Џеј Редик. Токму тоа го искористија Пистонси за да стигнат до значајна победа.
Домашниот тим го предводеше Џенкинс со 30 поени, осум асистенции и четири скока, додека Џејлен Дурен додаде 20 поени, 11 скокови и три асистенции. Тобајас Харис натпреварот го заврши со 14 поени, седум скокови и пет асистенции, а двоцифрен беше и Робинсон со 12 поени.
Кај Лејкерси, повторно најдобар беше Лука Дончиќ со 32 поени, седум скока и шест асистенции. Го следеше Остин Ривс со 24 поени, пет асистенции и два скока. Деандре Ејтон запиша 13 поени и десет скокови, додека Леброн Џејмс беше на чекор до трипл-дабл со 12 поени, десет асистенции и девет скокови.
Одличен настап имаше и Паоло Банкеро, кој во поразот на Орландо од Индијана (128:126) постигна 39 поени, со шест асистенции и четири скока.
Кај Индијана најдобар беше Паскал Сиакам со 37 поени, а со оваа победа Пејсерси ја прекинаа негативната серија од дури 16 последователни порази, најлоша во историјата на франшизата.
Блескаше и Алперен Шенгун во поразот на Хјустон од Чикаго (132:124). Турскиот центар натпреварот го заврши со 33 поени, 13 скокови и десет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за победа и покрај одличниот настап на Кевин Дурент кој постигна 40 поени, седум скокови и пет асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Лејкерс 113:110
Мајами – Сан Антонио 111:136
Орландо – Индијана 126:128
Филаделфија – Оклахома 103:123
Аталанта – Мемфис 146:107
Чикаго – Хјустон 132:124
Јута – Торонто 127:143
Далас – Голден стејт 131:137
Портланд – Бруклин 134:99
Клиперс – Милвоки 129:96


