Израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

ВИДЕО | Десет членови од исто палестинско семејство загинаа во израелски напад во Кан Јунис

Палестинската служба за цивилна одбрана денеска објави дека загинале 10 членови на исто семејство, меѓу кои 7 деца, во напад на израелските сили во текот на ноќта во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Жртвите, на возраст меѓу 3 и 58 години, беа убиени во воздушен напад што се случи околу 03:30 часот по локално време, изјави портпаролот на спасувачката служба Махмуд Башал.

Израелската армија соопшти дека ја испитува оваа информација.

Очевидци пријавија и континуиран и интензивен оган од израелски тенкови утринава во Кан Јунис.

Палестинската служба за цивилна одбрана, исто така, објави дека две лица загинале во израелски напад во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа.

Портпаролот на израелската армија, кој зборува арапски, Авичаи Андраи, исто така ги повика жителите на неколку населби во источниот дел на градот Газа, кој исто така се наоѓа во северниот дел на палестинската енклава, да се евакуираат од своите домови.

Израелската армија „оперира со сила во вашите зони за да ја уништи терористичката инфраструктура. За ваша безбедност, мора да се евакуирате“ , рече тој во објавата на страницата за социјална мрежа Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот