ВИДЕО | Дамјаноска: Покажавме многу поубава игра на вториот меч против Шпанија

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација по втор пат загуби од Шпанија во квалификациите за Европското првенство 2024.

Шпанската селекција го обезбеди пласманот на континенталниот шампионат, а таму може да се најдат и избраничките на селекторот Кристијан Грчевски доколку во април против Азербејџан и Литванија ги потврдат триумфите од првите две кола и така го заверат второто место во квалификациската група „5“.

По четири кола Шпанија е првопласирана со осум бодови, четири има Македонија, по два Литванија и Азербејџан.

– Мое видување е дека игравме поборбено против Шпанија на возвратниот дуел, изгледавме многу поискусно, се боревме за секоја топка како во нападот, така и во одбраната. Мислам дека доколку игравме вака во Скопје, можевме ќе дојдевме и до победа – изјави македонската репрезентативка Леонида Гичевска.

На 3-4 април гостуваме кај Азербејџан кој го декласиравме дома со 40:17, а на 7 април ќе ја пречека Литванија која ја совладавме со 31:28 во второто коло.

– Многу сум задоволна од вториот натпревар против Шпанија, не е толку лоша разликата од четири голови, мислам дека и девојките треба да се задоволни, бидејќи покажавме многу поубава игра од онаа во Скопје. Имавме добра одбрана, се боревме за секоја топка, во нападот одигравме сталожено, смирено, со мирни глави. Немавме промашени зицери, реализацијата беше подобра, исто така и нападот беше добар. Топката течеше лесно, подобривме многу од минатиот меч, ги поправивме грешките – рече македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска по мечот со Шпанија во Ланзароте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот