ВИДЕО: Дали знаете кога Скопје првпат доби лунапарк? фото: ФБ Група -„Стари Скопјани“

ВИДЕО: Дали знаете кога Скопје првпат добило лунапарк?

Некогаш, во далечните 50-ти години на минатиот век, кај денешниот објект „Езерце“ во Градскиот парк, се појавиле првите забавни реквизити. Мали атракции што ги буделе насмевките и џагорот на генерации деца.

Секој посетител знаеше дека со три-четири жетони во џебот, поседува цело богатство. Мајките и татковците, бабите и дедовците, заедно со најмладите, ги минувале викендите во овој шармантен дел од градот.

Скопје без Лунапаркот е помалку „детски“, но магијата на ретро атракциите, на панорамското тркало, на рингишпилот, на популарните пирошки… сè уште будат носталгија кај постарите генерации и љубопитност кај помладите што никогаш не доживеале такво место.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот