Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Дали за секој повик на Итната помош ќе треба и полициска придружба, за граѓаните да не „настрадаат“ од Сејф сити?

Возачи на редуцираната Итна медицинска помош во Скопје, кои за „Слободен печат“ тврдат дека бројот на возила што им се на располагање во смена се брои на една рака за цел град, алармираат за нови проблеми покрај недостигот на услови за работа на оваа занемарена медицинска служба.

Имено, тие велат дека возачите не ги помрднуваат своите возила на крстосниците од страв дека „Сејф сити“ ќе им регистрира прекршок. Така возилата на Итната медицинска помош на крстосниците се во постојана неизвесност, од каде да поминат и како. Минатата недела нашата екипа посведочи една таква ситуација на „Партизанска“, во близина на Соборниот храм. Возилото на Итната медицинска помош беше придружувано од полициска екипа, а полицискиот службеник мораше да излезе од возилото, да интервенира да се расчисти сообраќајот, за Итната помош да помине. Видеото може да го погледнете во продолжение.

Од Итната помош тврдат дека пешакот прегазен на Партизанска го транспортирале за 22 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот