Викторија Кјер - Фото: Инстаграм/victoriaakjaer

ВИДЕО | Далеку од гламурот – Викторија Кјер, Мис Универзум 2024, воодушеви со својата скромност

Мис Универзум 2024, Викторија Кјер, стана хит на социјалните мрежи откако беше снимена во сосема опуштено издание за време на нејзиниот одмор во Индонезија. Оваа 22-годишна Данка го замени гламурот на модните писти со заслужен одмор, а видеото на кое се вози со едно од најпопуларните превозни средства на Бали, мото-такси, стана вирално на интернет.

Видеото го сподели креаторот на содржини Kokoradriver на Инстаграм, кој нуди услуги за превоз и е познат по тоа што ги снима своите патници со камери прикачени на кациги украсени со кадифени играчки.

На видеото се гледа Викторија како во комплет со животински принт шета по улица и чека превоз. По пристигнувањето, возачот ѝ дава заштитна кацига, а на крајот од возењето кралицата на убавината му остави дарежлив бакшиш од 50 долари. Следбениците ја пофалија нејзината едноставност и приземност, со што дополнително го зацврсти својот имиџ како една од најхаризматичните носителки на оваа титула.

Викторија Кјер – Фото: Инстаграм/victoriaakjaer

Сопственичка на франшизата Мис Данска

Инаку, Викторија е првата и единствена Данка која ја освоила титулата Мис Универзум. Покрај манекенството, таа е и успешна деловна жена и сопственичка на франшизата за изборот на убавина во својата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот