ВИДЕО | Д-р Пановски: Нов бран нема да биде ни приближно силен како претходните

Да се надеваме дека не е затишје пред бура. Со делта сојот ќе видиме што ќе се случува, во светот гледаме, на Балканот ќе видиме. Овие бројки никој не ги очекуваше. Како што не очекував таков страшен бран во пролет, не очекував и ваков брз пад на случаите. И покрај мерките кои се попуштени, еве гледам во Охрид, ретко кој става маски, се собираат младите. Она што го гледаме мене ми е рамно на нула. Помалку од еден процент е со денови и мимо кој тест, дури и најдобриот што постои, ако го направите за било која болест, еве за СИДА, или за Ебола, вие на 4-5.000 испитани секако ќе најдете 5 позитивни што не значи дека се болни, така што прашање е и позитивните дали се воопшто болни, тоа епидемиолизите повеќе знаат. Фактички ние може да сметаме дека кога бројот на позитивни е под 1%, се работи за можеби лажно позитивни или вирусот фактички моментално го нема во државата, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Пановски.

„Мислам дека во ред се постапките на здравствените власти. Мислам дека сега треба да одиме до крај во попуштање на мерките. Гледаме дека немаме ширење на болеста. Се уште би ги задржал мерките рестораните да работат на отворено и маските да се носат во затворен простор. Маската е важна заради делта сојот, кој ако влезе кај нас брзо би се проширил доколку има луѓе кои се осетливи на него, имајќи предвид дека за жал, со скапо платена цена, населението е имунизирано по природен пат, вели Пановски и додава дека можно е да има нов бран, но тој нема да биде ни приближно онаков како минатите.

Целиот разговор со микробиологот проф. д-р Никола Пановски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот