Фото: FK Crvena Zvezda

ВИДЕО: Црвена Звезда со пресврт во три минути до победа во 176. вечно дерби со Партизан

Црвена Звезда иако уште претходно ја обезбеди шампионската титула сепак славеше и во 176. вечно дерби против Партизан со 2-1.

Партизан прв дојде до водство со голот на Калулу во 39. минута по грешката на голманот на црвено-белите, Глазер.

Предноста на Партизан беше актуелна се до завршницата од средба кога Максимовиќ стрелаше за израмнување. Не застана ниту тука Звезда, па така преку Бруно Дуарте го комплетираше пресвртот.

Треба да се каже и дека на Звезда во натпреварот и беа поништени два гола поради офсајд и играње со рака.

Звезда на табелата е убедливо прва со 89 бода, додека Партизан на втората позиција е со 63 и тоа најдобро покажува каква е доминацијата на црвено-белите во овој момент во српскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот