Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Челси

Како што објави доверливиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Челси се договори со Чаби Алонсо, кој ќе пристигне на Стемфорд Бриџ следната недела. Само еден час откако го загубија финалето на ФА Купот од Манчестер сити и потврдија дека останаа без Европа, „сините“ им понудија на своите фанови утеха.

Алонсо долго време бараше нов тим. Тој беше отпуштен од тренерската позиција на Реал Мадрид на 12 јануари оваа година, откако загуби од Барселона во шпанскиот Суперкуп. Оттогаш, тој беше поврзуван со неколку клубови од Премиер лигата, но во последно време, имаше сè повеќе разговори за Челси – и со добра причина.

Шпанецот се одлучи за Челси и според најавите ќе потпише четиригодишен договор со лондонскиот клуб.

Алонсо ќе стане четвртиот тренер на Челси оваа сезона, по Енцо Мареска, Калум Мекфарлан и Лиам Росениор. Тој исто така ќе има малку време да го запознае тимот и да процени кој може веднаш да биде на трансфер листата ова лето.

Да потсетиме дека Алонсо се проби на големата сцена како тренер на Баер Леверкузен во познатата сезона во која „фармацевтите“ претрпеа само еден пораз. Подоцна се пресели во Реал Мадрид, но работите не се одвиваа како што се надеваше, а неговиот мандат во Мадрид заврши предвреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот