ВИДЕО | Цел живот погрешно ја носиме јакната со крзно на качулката: Ова е вистинскиот начин
Еден од најновите вирални видеа на Тикток тврди дека можеби ја носиме качулката на јакната или капутот на погрешен начин.
Препорачано
Со ниските температури и доаѓањето на зимата на улиците повторно излегуваат најдебелите капути, а многумина од нас сигурно имаат јакна или капут со крзно на качулката. Иако основната цел на качулката е да ја загрее главата, новото видео покажува дека многумина од нас не ја користат на најефикасен начин поради еден, на прв поглед мал детал.
Woman is going viral after claiming that people have been wearing fur hoods incorrectly by not folding them inward
pic.twitter.com/kSoydgjiMN— Daily Loud (@DailyLoud) December 16, 2025
Во видеото, авторката покажува како повеќето луѓе ја носат качулката – со крзното однадвор – и објаснува зошто, според неа, тоа е погрешно.
„Луѓе, носите јакни со крзно на погрешен начин. Ве молам, престанете“, вели таа, додавајќи дека крзното не е тука само како моден детал, туку има и функционална цел.
Потоа таа ја свиткува качулката така што крзното се наоѓа одвнатре и ја покрива главата.
„Така треба да се носи. Крзното ги покрива ушите и го блокира продорот на воздухот. Кога ќе го закопчате капутот до горе, студениот воздух не влегува и останувате многу, многу потопли“, објаснува таа.
Авторката нагласува дека начинот на кој повеќето луѓе ја носат качулката дозволува ладен воздух директно да удри во лицето, па ви е студено, скоро како да носите обична качулка без крзно.
Видеото предизвика дебата на социјалните мрежи. Некои корисници споделија фотографии од Ескимите кои го носат крзното однадвор за заштита од силен ветер и снег. Еден корисник напиша: „Јас сум во Њујорк, не на Антарктикот, па мора да изгледа и убаво“, додека друг праша: „Чекај… сите го носевме погрешно целиот овој период?“
Третиот корисник забележа: „Изгледа дека и нашите предци го носеле погрешно, ако ова е поентата“, а друг додаде: „Не, крзното е тука да го разбије ветарот пред да удри во лицето.“
Еден гледач откри: „Јас така ја носев качулката уште како дете и продолжив, затоа што навистина функционира. Не ми е јасно како многумина не знаеле за оваа можност.“
На крајот, како и со секој моден избор, се работи за лична одлука. Ќе бидете потопли ако крзното го свртите кон внатре, но ако ви е поважно да изгледате шик со крзно однадвор, слободно продолжете, само внимателно да не ви биде студено.


