ВИДЕО | Цел свет зборува за бабата што направи чудо: На 90 години собори Гинисов рекорд!
Американката Ен Крил Еселстин од Охајо, минатиот месец ја држела тежината на сопственото тело две минути и 52 секунди, надминувајќи ја претходната рекордерка, 81-годишната Ени Џудис од Калифорнија, која во вис поминала две минути и една секунда.
Препорачано
– Никогаш не можев да замислам во моите 90 години дека ќе имам среќа да добијам фокусирана обука, поддршка и желба навистина да освојам титула во Гинисовата книга на рекорди, а особено не на 90 години! – рекла Еселстинова, која живее во Пепер Пајк.
View this post on Instagram
Сè започнало кога нејзиниот син Рип ја замолил да ја тестира својата сила.
– Бараше од мене да одам до вратилото и да се висам што можам. Го наместив телефонот за да може да ме гледа и висев една минута и 15 секунди. Рип беше запрепастен!
Веќе следниот ден, Рип ја прочитал веста за рекордот што го држела Џудис. Веднаш ѝ се јавил мајка си и ја охрабрил да се обиде да ја симне од тронот. Оваа деведесетгодишна жена почувствувала дека оваа цел ѝ е на дофат на рацете, буквално.
– Бидејќи можев да висам минута и 15 секунди без многу вежбање, тоа не ми звучеше невозможно – продолжила таа.
93 years & 231 days old Ann Esselstyn dead hangs for 2 min 52 seconds! To set new WR. (Maybe we call it live hangs instead now?) Distal strength reflects many things. pic.twitter.com/wpup5t53tj
— Andrew D. Huberman, Ph.D. (@hubermanlab) April 2, 2026
Еселстин почнала да тренира во февруари, а Рип ѝ бил секојдневен виртуелен тренер.
– Верувале или не, како што одминуваше месецот, чувствував дека рацете ми стануваат посилни. Плускавците што толку многу болеа на почетокот се претворија во задебелување, грбот ми беше малку подобро – рекла таа.
На 6 март, група мерачи на време, фотографи, сведоци, адвокат, пожарникар, соседи, двајца лични тренери и сите четири нејзини деца се собрале во нејзината куќа за да бидат сведоци на импресивниот подвиг.
Нејзиниот прв обид тој ден изнесувал две минути и 41 секунда, но присутните барале да ја повтори вежбата бидејќи ги мавтала нозете, поради што можела да биде дисквалификувана. По 30 минути одмор, таа се вратила на вратилото.
– Сите молчеа до истекувањето на втората минута. На две минути и 30 секунди, просторијата експлодираше од навивање. Тогаш слушнав дека сум го надминала времето од мојот прв обид – се присетила Ен.
– Ме болеа грбот и рацете, но извиците на воодушевување затоа што го пробив времето во првиот обид и се приближив до границата од три минути, ме зачудија, а болката во грбот исчезна пред радосното возбудување што завладеа во просторијата.
Кога открила дека ѝ недостигаат за малку три минути, веќе почнала да размислува за соборување на сопствениот рекорд.
– Да знаев дека сум толку блиску, можеби ќе издржев малку подолго. Друг пат!


