Британска воена база нападната од ирански дрон - Извор Х

ВИДЕО | Британска база на Кипар нападната од ирански дрон „шахид“

Британската воздухопловна база (RAF) Акротири на Кипар е погодена со беспилотни летала, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост, персоналот кој не е неопходен за работењето на базата ќе биде привремено преместен. Владата на Велика Британија сè уште не потврдила од каде дошол дронот и најави истрага за случајот, пишува „Скај њуз“.

Како што наведува медиумот, дронот не се знае прецизно од каде стигнал до британската воздухопловна база на островот, изјавил на брифингот портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис.

Нема жртви, а пријавени се само мали штети, рече тој.

Извори: Британските бази пресретнаа уште еден дрон

Како што пренесуваат медиумите, овој напад врз британскиот воен објект претставува значајна ескалација на конфликтот, пишува британската агенција Ројтерс.

„Сите надлежни служби на Кипар се во состојба на готовност и во целосна оперативна подготвеност“, рече претседателот Никос Христодулидес во говорот.

Дронот „шахид“ предизвика мала штета кога се урнал во воените објекти веднаш по полноќ, додаде тој.

„Сакам да бидам јасен, нашата земја на никаков начин не учествува во војната и нема намера да биде дел од никаква воена операција“, рече Христодулидес.

Инаку, медиумите пренесуваат дека сè уште не е јасно од каде е долетал дронот „шахид“, произведен во Иран.

Два извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија за Ројтерс дека британските сили во базата успеале да пресретнат уште еден втор дрон.

Реакција на Министерството за одбрана

Портпаролот на Министерството за одбрана на Британија дополни дека вооружените сили одговориле на нападот, кој се случил околу полноќ по локално време.

„Степенот на заштита на нашите сили во регионот е на највисоко ниво, а базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе“, рече портпаролот. Ова е тековен настан и дополнителни информации ќе бидат достапни навреме“, соопштија од британското МО.

Според Скај њуз, дронот вклучен во инцидентот бил мал. Инаку, вооружените сили на Британија неодамна преместија дополнителни ресурси во своите бази на Кипар, вклучувајќи системи против дронови, борбени авиони Ф-35 и радарски системи.

Министерството за одбрана на оваа земја изјави дека овие дополнителни капацитети се наменети исклучиво за одбранбени цели, првенствено за откривање и неутрализирање на воздушни закани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот