Илустрација / Фото: Pexels / Rejean Bisson

ВИДЕО | Британец живее со 1.000 тарантули во својот дом, тврди дека е „роден за да ги спаси“

Британецот Арон Феникс (37) почнал да чува тарантули како домашни миленици во летото 2021 година како начин да ја излечи својата психичка состојба, а денес верува дека е „роден за да спасува пајаци“.

Жителот на Јејт, Јужен Глостершир има посебна просторија во куќата за чување и одгледување на своите необични миленици. Тој поседува над 1.000 тарантули, од кои најголемата е со големина на чинија, пишува „Дејли стар“.

Арон со години е во центарот на вниманието на локалните медиуми, а во меѓувреме го зголеми своето потомство и им помага на луѓето да се ослободат од стравот од пајаци.

„Звучи како многу, но во светот на пајаците не е така. Кога ќе ги одгледувате, можете да добиете од 20 до неколку илјади млади“, објаснил тој.

„Колекцијата“ на Арон рапидно расте, а тој сега планира мисија да спасува пајаци низ цела Британија. Покрај тоа, тој ќе ги продава своите миленици на други колекционери.

„Откако мојата приказна беше објавена во медиумите, многу луѓе ме контактираа. Бараат од мене да им помогнам да го надминат стравот од пајаци. Па патувам низ целата земја и тоа е доста забавно.  Кога гледам како луѓето се прилагодуваат на овие суштества е неверојатно искуство“, нагласил тој.

Покрај тоа, Арон е чест гостин на детските родендени на кои ги покажува своите миленици.

„Кога станува збор за сместување на 1.000 тарантули, тоа не е толку тешко како што мислат луѓето. Сите се повеќе или помалку во иста просторија“, открил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот