ВИДЕО: Брегот на Шпанија преполн со мртви риби

Голема количина на мртви риби на брегот на Шпанија/ Фото Youtube Murcia Plaza

На брегот на југоисточна Шпанија последниве неколку дена се појавија голем број на мртви риби, што го шокираше локалното население и еколозите, пренесува Би-Би-Си.

Локалните власти во Мар Менор соопштија рекордно високи температури, но научниците тврдат дека загадувањето од локалното земјоделие предизвикало губење на квалитетот на водата.

Според локалните медиуми, шпанската влада размислува за прогласување на катастрофа за подрачјето Мар Менор. Барањето го испрати регионалната влада, која е под се поголем притисок да ја спаси лагуната која секоја година е под поголеми еколошки проблеми.

Сместена на југоисотчниот дел на земјата, оваа лагуна некогаш ги привлекуваше туристите. Но, квалитетната вода значително се влошила во последниве неколку години што довело до деградација на екосистемот и масовно умирање на риби од 2016-та до 2019-та година.

„Луѓето тоа го нарекуваат зелена супа, а причината за тоа е прљавата вода“ изјави Рамон Паган од локалната група за заштита на животната средина.

Од еколошката заедница WWF Espana сметаат дека главна причина за масовно умирање на риби е интензивната земјоделство во тоа подрачје. Еколозите сметаат дека алгите цветаат во водите во кои се наоѓа голема количина на хемикалии. Развојот на алгите ја блокира сончевата светлина и го намалува нивото на кислород во водата, што пак им го отежнува животот на рибите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот