ВИДЕО: Бразилец со хеликоптер го симнаа од врв на планина за да му пресадат бубрег кој го чекал 9 години

Бразилецот кој 9 години чекале бубрег од компатибилен донор го најдоа на планина/Фото: Скриншот/Фејсбук

Кај трансплантацијата на органи, секоја минута е важна и токму поради тоа, пожарникари со хеликоптер се упатија на врвот на планина, во државата Рио де Жанеиро во југоисточен Бразил, за да известат пациент кој чекал пресадување на бубрег дека нашле орган кој со години чекал да се пронајде од компатибилен донор.

48-годишниот туристички водич Рикардо Медеирос де Оливеира – кој девет години бил на листата на чекање за трансплантација – пешачел во нерамна планинска област кога му било кажано дека е пронајдена компатибилна трансплантација.

Меѓутоа, она што не му било кажано е дека пожарникарите побрзале да го земат и да го пренесат со хеликоптер во болница.

„Тој би го изгубил органот доколку не пристигнел навреме во болницата“, објасни коавторот Фабио Контреирас.

Оливеира навреме бил пренесен во болница и трансплантацијата на бубрег била успешна, велат лекарите кои го лекувале.

Опишувајќи ги своите измешани емоции, 48-годишникот рече за неочекуваниот подарок на животот и префрлувањето во болница со хеликоптер:

„Не знаев дали да плачам или да се смеам. Не можев да поверувам. Тоа беше најголемата авантура во мојот живот“, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот