ВИДЕО | Битиќи: Луѓето не зборуваат за транспарентност оти тоа го имаат, зборуваат за стабилност ооти тоа им треба

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / Утрински брифинг
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / Утрински брифинг

Вчера се поддржа предлогот на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и денеска тој состав влегува како предлог во Собранието, па до недела би требало да имаме нова Влада.

-Во принцип, јас од почетокот реков дека основен принцип за влегување во влада треба да биде чесноста и интегритетот на луѓето. И во овој состав на владата го имаме тооа и очекувам дека овие луѓе ќе испорачаат. Јас ги гледам луѓето во организацијата како менаџер и сметам дека нови луѓе носат нова енергија, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија, за Утрински брифинг.

Синергија помеѓу ДУИ и СДСМ постоеше и претходно, така што не е никаков проблем да останат досегашните министри од редовите на ДУИ. Тоа може да го гледаме како континуитет за испорака на резултати, коментира Битиќи.

Ковачевски ниту еднаш во своите говори последниве денови не го споменува зборот „демократија“, туку се говори за бизнис, за менаџерски пристап, а Македонија има проблеми со демократските процеси.

-Има два пристапа. Едно е да се зборува за средствата, а друго е да се зборува за инкорпорирање на демократијата. Ние сме многу подобри во сите области, транспарентност, отчетност итн. се многу подобри одошто во 2016 година. Ние имаме отворен трезор. Секој граѓанин може да влезе и да види како се троши секој денар, вели Битиќи.

Јавноста е сѐ помалку расположена за демократија, а повеќе за цврста рака. Денес никој не зборува за транспарентност и отчетност оти тоа го имаат, сега нема безбедност, сигурност и стабилност, луѓето сакаат да знаат дека ќе го имаат тоа за своите деца, вели Битиќи и додава дека доброто владеење е многу битно. Во однос на доброто владеење се поставува прашање зошто Љупчо Николовски како вицепремиер имаше портфељ за борба против корупција што не покажа некои резултати оти во Македонија корупција има, а Владата гасне пожари при постоење на Обвинителство и судство.

-Сепак треба да постои систем кој ќе има координативна функција за да се обезбеди функционирање на сите тие институции, вели Битиќи.

Со оглед на енергетската криза, Владата истура пари во оваа сфера. Битиќи вели дека тоа се прави и ќе се прави затоа што според закон Владата е должна да ги обезбеди граѓаните и малите потрошувачи. Владата има енергетска стратегија и настојува да обезбеди електрична енергија од домашни извори, па дури и со вклучување на ТЕЦ Неготино иако, признава Битиќи, таа е нееколошка. Вклучувањето на ТЕЦ Осломеј и третиот блок на ТЕЦ Битола исто така се нужни потези.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот