Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Бесни навивачи ги навредуваа фудбалерите на Реал по ремито со Бетис

Реал Мадрид вчера забележа уште еден разочарувачки резултат и против Бетис ремизираше 1-1, а тоа донесе незадоволство помеѓу навивачите.

По натпреварот, дел од фановите жестоко реагираа и со навреди ги дочекаа фудбалерите при нивното заминување од стадионот. Камерите на Ел Чирингито го забележаа моментот кога незадоволните навивачи им упатуваа остри зборови на ѕвездите на „кралскиот клуб“.

„Срам да ви е, излезете и покажете се“, се слушаше во видеото.

Реал беше на чекор до цел плен во Севиља, но дозволи израмнување во 93. минута и испушти важни бодови во финишот од натпреварот, па сега Барселона има прилика дополнително да ја зголеми предноста на врвот.

ВИДЕО | Бетис во финишот до бод против Реал Мадрид во Ла Лига

ФОТО | Се појавија фотографии од новиот дрес на Реал Мадрид, навивачите го критикуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот