ВИДЕО | Беше несреќен случај кој остана мистерија: Димитар Андоновски се отвори за загубата на татко му
Димитар Андоновски се отвори за смртта на својот татко, кого го загубил како многу мал.
Препорачано
„Беше несреќен случај кој остана мистерија“, рече пејачот во емисијата „Животна приказна“.
Андоновски, искрено и емотивно, за првпат по долго време проговори за личната трагедија и тешките години кои го обликувале неговиот пат. Иако обично ги избегнува овие теми во јавноста, овојпат одлучи да сподели детали за својата најголема борба.
„Тоа е таа тема која јас избегнувам да ја говорам, затоа што остана како мистерија“, рече пејачот и се наврати на настанот што му го променил животот.
Тој рече дека не сака да навлегува во преголеми детали, но потврди дека станува збор за трагичен настан.
„Само ќе спомнам дека беше несреќен случај“, рече тој во емисијата која се емитува на МТВ 1.
Димитар додаде дека загубата и болката не поминале преку ноќ. Пејачот откри дека процесот на исцелување бил долг и мачен.
„Можам слободно да кажам, првите пет години ми беше особено тешко“, искрен е музичарот во најавата за емисијата.
Тој во неколку наврати има кажано дека него и сестра му, актерката Маја Андоновска – Илијевски, ги одгледала мајка им Гордана, која за нив е херој.
Пејачот од Битола, кој е и менаџер на познат ноќен клуб, сега е во среќен брак со Христина, со која има два сина, Михаил и Гаврил. Неговата сестра е мажена и има син.


