Бен Стилер - Фото: EPA/JULIEN WARNAND

ВИДЕО | Бен Стилер бара Белата куќа да отстрани сцена од негов филм од пропагандно видео за војната во Иран

Бомбастично видео објавено од Белата куќа, кое изгледа како да ја промовира војната на администрацијата на Трамп во Иран и содржи клипови од познати холивудски филмови, предизвика бура на социјалните мрежи, а Бен Стилер јавно реагираше и побара да биде отстранет исечокот од филмот „Тропски гром“, пишува „Холивуд репортер“.

Клипот ги комбинира сцените од филмови и серии како „Гладијатор“ (Gladiator), „Храбро срце“ (Braveheart), „Железниот Човек“ (Iron Man), „Да станеш лош“ (Breaking Bad), „Дедпул“ (Deadpool) и „Топ Ган“ (Top Gun) со снимки од вистински воздушни напади, завршувајќи со глас кој вели „беспрекорна победа“.

Бен Стилер, кој игра во филмот „Тропски гром“ (Tropic Thunder), кој е дел од видеото, објави на Икс: „Хеј, Бела куќо, ве молам отстранете го клипот од ‘Тропски гром’. Никогаш не ви дадовме дозвола и немаме интерес да бидеме дел од вашата пропагандна машина. Војната не е филм.“

Новинарот Сејмас Малекафзали напиша: „Не мислам дека било која влада некогаш произведе нешто повеќе срамно и понижувачко во историјата на човештвото.“ Водителот на ABC Saturday Extra, Ник Брајант, додаде: „Дали во Белата куќа има возрасни? Ја разбираат ли сериозноста и ужасот на војната?“

@whitehouseJustice the American way

♬ original sound – The White House

Овој скандал се случува во време кога американските воени истражители сметаат дека американските сили веројатно биле одговорни за напад на иранско училиште за девојчиња во кој загинале десетици деца, објави „Ројтерс“.

Ова не е прв пат славни личности да побараат Белата куќа да не го користи нивниот материјал. Во декември, Сабрина Карпентер побара нејзината песна „Juno“ да се отстрани од видео што промовира депортации на ICE, а претходниот месец, Оливија Родриго побара песната „All-American Bitch“ да се отстрани од слично видео. Пред тоа, Кени Логинс побара неговиот хит „Danger Zone“ од „Топ Ган“ да се отстрани од видео со борбен авион што напаѓа протестанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот