ВИДЕО | Барселона броеше до пет против Севиља, хет-трик на Рафиња
Барселона ефикасно одговори на убедливата победа на Реал над Елче (4:1), Каталонците ја победија Севиља со 5:2 и ја вратија предноста од четири бода пред својот најголем ривал на 10 кола до крајот на сезоната во Ла Лига.
Препорачано
По бледата игра против Њукасл на Сент Џејмс Парк и ремито (1:1), на играчите на Барса им беше потребна убедлива победа за да ја зголемат самодовербата.
Сè беше брзо решено, бидејќи Рафиња реализираше пенали во деветтата и 21 минута, пред Дани Олмо да постигне гол за 3:0 во 38 минута.
Хоакин Мартинез Гауна, попознат по прекарот Осо, намали во судиското продолжение во првото полувреме, пред Рафиња во 51 и Жоао Кансело во 60 минута да го зголемат водството на 5:1 и да обезбедат убедлив триумф. Севиља постигна уште еден гол, овој пат преку Џибрил Соу.
Рафиња беше заменет во 82 минута од Гави, кој се врати на теренот по 204 дена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
9мин
-
41мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


