Фото: Konyaspor

ВИДЕО | Барди со прекрасен гол во победата на Коњаспор во Купот на Турција

Денеска во третото коло од Купот на Турција фудбалерите на Коњаспор како домаќини со 5:0 го совладаа тимот на Алиага.

Гол-серијата ја започна Мулека во четвртата минута, а само 120 секунди подоцна предноста ја зголеми Ташчи.

За 3:0 во 44 минута се погрижи Мулека со неговиот втор погодок на натпреварот во Коња.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди кој го одигра целото второ полувреме и беше замена за Мулека, прекрасно стрелаше во 81 минута за 4:0.

Конечниот епилог беше поставен во 88 минута со автоголот на Адар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот