ВИДЕО: Балотели дивееше на клупата за резерви, со бокс удри соиграч

Марио Балотели повторно се очекува да игра за репрезентацијата на Италија/ фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Годините поминуваат но само една работа не се менува кога станува збор за Марио Балотели, фудбалерот повторно се најде во центарот на вниманието со своето однесување.

Балотели ова лето потпиша за турскиот тим Адана која го пречека тимот на Коњаспор, а Итлаијанецот беше дел од првиот тим.

Но, Балотели беше заменет во 56. минута при резултат 0:0 и тоа го разбесни фудбалерот кој негодуваше  поради ваквата одлука на тренерот, а кога седна на клупата за резервни играчи почна да фрла предмети на земја.

Потоа со бокс го удри во рамото соиграчот кој седеше до него и во неверица гледаше што прави Италијанецот.
На крајот натпреварот заврши без победник 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот