ВИДЕО | Бајага открива: Да не беа комунистите, „Рибља чорба“ немаше да сруши рекорд со плочата „Мртва природа“

Фото: Промо

Момчило Бајагиќ – Бајага ќе одржи концет во Скопје на 9 декември, во салата „Јане Сандански“, а пред концертот тој му гостуваше на Жаре во емисијата „Еден на Еден“, во четвртата епизода од Сезона 15.

Емисијата ја имаше својата ТВ премиера сношти на Канал 5, а за оние кои ја пропуштија, достапна е јутјуб каналот на „Еден на Еден“. Бајага во емисијата меѓудругото раскажа како албумот на „Рибља Чорба“, „Мртва природа“ станал најпродаваниот албум на бендот, додека тој бил гитарист во групата. Албумот е продаден во 580.000 примероци.

– Таа плоча е најпродаваната на „Рибља Чорба“, а тука имаше малку и среќа. Мислам дека ние продадовме едно 200, 250 илјади. Тоа беше она време на социјализмот. На некој состанок се побунил некој млад комунист, поради песната на Бора во која вели „За идеалите гинат будали“, и потоа излезе во сите весници дека плочата најверојатно ќе биде забранета. И кога рекоа дека ќе биде забранета, тие печатеа уште толку, и сите примероци се продадоа – му раскажа Бајага на Жаре. Станува збор за песната „На западот ништо ново“ (На западу ништа ново).

Вториот дел од разговорот со Бајага, ќе се емитува следната година, првиот дел е достапен на овој линк:

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот