Роберт Левандовски е најдобриот стрелец на Баерн/Минхен, Германија/19 март 2022/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

ВИДЕО: Баерн моќно против Унион Берлин, Левандовски како Герд Милер

Баерн Минхен денеска во рамките од 27 коло од најквалитетната германска лига убедливо со 4:0 триумфираше над Унион Берлин.

Најголемата ѕвезда во редовите на баварскиот гигант, Роберт Левандовски остварува нови рекорди, на овој меч Полјакот постигна два гола, за вкупно 31 оваа сезона и така петти пат во шампионатот успеа да постигна 30 или повеќе голови. Тоа претходно му успеа само на легендарниот Герд Милер.

Левандовски во сите натпреварувања постигна 45 голови во 37 настапи од почетокот на сезоната.

Гол серијата ја започна Коман во 16 минута, потоа младиот 19-годишен Французин Нианзу во 25 минута зголеми на 2:0. Потоа Левандовски стрелаше од пенал во 45 минута, а во 47 реализираше после асистенцијата на Мусиала.

Воедно голманот на Баерн, Мануел Нојер постави рекорд, за него ова беше 311 победа во Бундеслигата, најмногу во историјата на ова натпреварување.

Во другите денешни средби од рундата: Гројтер Фурт – Фрајбург 0:0, Херта Берлин – Хофенхајм 3:0, Мајнц – Арминија Билефилд 4:0 и Штутгарт – Аугсбург 3:2.

Бундеслига, табела: Баерн Минхен 63 бодови, Борусија Дортмунд 56, Баер Леверкузен 45, Фрајбург 45, Лајциг 44, Хофенхајм 44…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот