ВИДЕО: Автобус падна во река, 12 мртви во голема несреќа во Еквадор

Превртен автобус во Еквадор/ Фото Youtube screenshot

Најмалку 12 лица загинаа, а 20 се повредени откако патнички автобус го проби тротоарот и падна во река во југоисточниот дел на Еквадор, во близина на границата со Перу.

Автобусот се движел на линијата Макас-Таиша во провинцијата Морона Сантијаго, кога возачот изгубил контрола над возилото, ја пробил заштитната ограда и паднал од висина од 17 метри, соопшти државното обвинителство.

Брзата помош констатирала десет жртви на лице место, меѓу кои и возачот.

Една жена и една млада девојка подоцна починале во локалната болница, соопшти Министерството за здравство, пишува Дејли Меил.

Жителите на селото кај Макас се капеле во реката Колорадо кога забележале дека автобусот навлегува во плиток дел од реката, која е прилично карпеста.

„Автобусот доаѓаше со полна брзина, како да леташе, но не мислевме дека ќе се случи оваа трагедија“, изјави еден од очевидците.

Една од жените која се нашла на местото на несреќата изјавила дека таа, нејзиното семејство и другите луѓе побрзале да им помогнат на повредените пред да пристигнат спасувачите.

Ова е втор смртоносен инцидент со патнички автобус за една недела во Морона Сантијаго, откако 18 лица загинаа, а 25 се повредени кога автобусот излета и се преврте на патот во кантонот Сукуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот