Австралискиот херој Ахмед ал-Ахмед/Фото: Handout / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Австралијанците донираа 2,6 милиони австралиски долари за сирискиот херој од плажата Бонди

Илјадници луѓе во Австралија одржаа хуманитарна акција за собирање пари за човекот кој успеа да разоружа еден од вооружените лица во пукотницата на плажата Бонди во Сиднеј, пренесува Ал Арабија.

По потекло од градот Најраб, во сириската покраина Идлиб, Ахмед ал-Ахмед беше пофален од австралискиот премиер Албанезе како „австралиски херој“ и е хоспитализиран, со ризик да ја изгуби раката.

Речиси 43.000 Австралијанци масовно донираа на веб-страница за донации и собраа 2,6 милиони австралиски долари (1,65 милиони американски долари).

Видео објавено на Тикток го прикажува Ахмед како прифаќа преголем чек во својот болнички кревет од Закери Дерењовски, инфлуенсер на социјалните медиуми и ко-организатор на кампањата за собирање средства.

„Ти благодарам, го заслужуваш тоа“, му рече Закери.

„Бидете обединети, еден до друг, сите луѓе, заборавете ги сите лоши работи и спасете животи, како што јас направив од срце“, му посака на светот 51-годишниот Ахмет со својот слаб англиски јазик.

Родителите на Ахмед ал-Ахмед, кои отпатуваа во Сиднеј за да се сретнат со својот син, за „Австралиската радиодифузна корпорација“ изјавија дека нивниот син служел во полицијата и Централните безбедносни сили во Сирија.

Неговиот татко, Мохамед Фатех ал-Ахмед, рече дека се чувствувал горд и почестен, „бидејќи неговиот син е австралиски херој“.

„Кога го правел тоа што го правел, воопшто не размислувал за потеклото на луѓето што ги спасувал или за оние што умирале на патот“, рече тој.

Јунакот од терористичкиот напад во Сиднеј ќе се збогати: американски милијардер донираше 99.999 долари за Ахмед

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот