Јунакот од терористичкиот напад во Сиднеј ќе се збогати: американски милијардер донираше 99.999 долари за Ахмед

Ахмед е препознаен низ целиот свет и стотици илјади долари донации пристигнуваат за него.

Милијардер направи голема донација од 99.999 долари за јунакот од терористичкиот напад во Сиднеј, објави „Ројтерс“.

Бил Акман, еврејски инвестиционен банкар вреден повеќе од 9,5 милијарди долари, исто така ја забележал храброста на Ахмед. Тој рекол дека сака да го награди.

„Може ли некој да постави верификувана сметка за да го наградиме него и неговото семејство?“ напишал тој на социјалните мрежи.

Оттогаш е поставена страница на „Гоу фанд ми“ за „Поддршка на херојот кој го разоружа напаѓачот на Бонди“.

Ахмед ал-Ахмед е препознаен низ целиот свет и стотици илјади долари донации пристигнуваат за него. Речиси еден ден по нападот во Бонди, донаторите собраа речиси 1 милион долари за Ахмед.

Локалниот трговец со тутун, Ахмед ал-Ахмед, 43 години, стана човек на отпорот за време на ужасниот масовен напад со оружје во неделата вечерта на плажата Бонди, кога се фрлил врз еден од напаѓачите и му го одзел оружјето.

Таткото на две деца е снимен на видео како се крие зад еден од напаѓачите, Саџид Акрам, во паркот на Бонди, додека тој пука врз присутните кои го одбележуваа празникот Ханука.

Ахмед го фрла напаѓачот, 50-годишниот терорист, и со десната рака го држи околу неговото рамо, додека со другата рака успева да му го извади оружјето.

Акрам паѓа наземи, додека јунакот го насочува оружјето кон него. Терористот, кој го изврши нападот заедно со својот 24-годишен син, Навид, се повлекува.

ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат

Потоа Ахмед бил застрелан двапати и подоцна е опериран во болницата Сент Џорџ. Според извори, тој е во стабилна состојба.

Неговите дејства несомнено спасија многу животи. Тие привлекоа внимание од лидери низ целиот свет, вклучително и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го опишал она што го направил Ахмед како „многу храбро“.

„Навистина храбар човек кој реши да се соочи со еден од напаѓачите и да спаси многу животи. Многу храбар човек кој сега е во болница и сериозно ранет. „Голема почит за човекот кој го направи тоа,“ изјави Трамп.

ВИДЕО | Преживеал напад на Хамас, се преселил во Австралија пред две недели, сега е погоден во Сиднеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот