ВИДЕО | Авион се урна врз куќа во САД, луѓе загинаа
Тешка авионска несреќа се случила вчера во американскиот град Акрон, каде што мал авион се урнал врз куќа и предизвикал огромен пожар кој ја покрил целата населба со густ црн чад. Според локалните служби, трагедијата се случила околу 15:45 часот по локално време, во дел од градот што се наоѓа јужно од центарот на Акрон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пожарникарите веднаш излегле на местото на настанот по пријавите за експлозија и пожар, а сцените од местото на несреќата биле драматични. Голем облак црн чад се издигнал над населбата, додека службите за итни случаи го обезбедувале подрачјето. Американската федерална администрација за воздухопловство објави дека во остатоците од авионот „Пајпер ПА-28“ биле пронајдени телата на две лица.
🚨 BREAKING: Two people killed after a small plane crashes into a home in Akron, Ohio pic.twitter.com/UWnUo1ryjy
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) May 14, 2026
Пожарникарите ја евакуирале куќата каде што се урнал авионот, како и блиската зграда, од безбедносни причини. Според моментално достапните информации, никој од жителите на населбата не е повреден.
Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот во моментот на несреќата, ниту што го предизвикало падот на леталото. Околностите на трагедијата ги истражуваат надлежните органи.


