ВИДЕО: Арсенал го прегази Лидс и им се врати на победите во Премиер лигата
По серијата од три натпревари без триумф во Премиер лигата, Арсенал конечно се врати на победничките патеки и на убедлив начин ја оправда фаворитската улога, совладувајќи го Лидс со 4-0 на гостински терен.
Препорачано
„Топчиите“ уште од првата минута ја презедоа контролата врз играта, а иницијативата беше крунисана во 27. минута кога Зубиаменди го отвори резултатот. Само десет минути подоцна, по корнерот што го изведе Мадуеке, домашниот голман Дароу направи кобна грешка и ја смести топката во сопствената мрежа.
Арсенал не ја намали брзината ниту по паузата, продолжи со доминацијата и во второто полувреме постигна уште два погодоци, со што ја заокружи убедливата победа од 4-0.
Со овие три бода, лондонскиот клуб стигна до 53 бодови на врвот на табелата, седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити, кој има 46 бодови и натпревар помалку. „Граѓаните“ во ова коло утре ги очекува гостување кај Тотнем.
Во останатите натпревари од денешната програма, Борнмут запиша победа од 2-0 на гости кај Вулверхемптон, додека Брајтон и Евертон ги поделија бодовите, одигрувајќи 1-1.


