ВИДЕО: Арина Сабаленка елиминирана од Мастерсот во Мајами

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Втората тенисерка во светот Арина Сабаленка е елиминирана во третото коло на Мастерсот во Мајами, САД.

Подобра од Сабаленка беше Украинката Анхелина Калинина која победи со 2:1 во сетови.

Првиот сет беше прилично израмнет, а истиот го освои украинската тенисерка со 6:4 во гемови.

Во вториот сет Сабаленка одигра на своето ниво. Таа загуби само еден гем и го доби сетот со 6:1. Третиот сет – сосема поинаква слика. Калинина го добива со 6:1 и стигнува до триумфот.

Поразот силно ја погоди Сабаленка, па по мечот го искрши рекетот со кој играше, а потоа не ѝ честиташе на Украината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот